Техномаркет машини

Техномаркет не доделува 500 машини за перење

Станува збор за лажна Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“, креирана на 13 јуни која има над 9.000 следбеници. На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква содржина. Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење. Таков случај имаше и во јуни годинава, тогаш од „Техномаркет Македонија“ ги предупредија своите следбеници дека станува збор за измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук споделува објава за наводна наградна игра на „Техномаркет Македонија“, продавница која е позната по продажба на бела техника. Во постот објавен од страница насловена како „Техномаркет Фанс“ се мамат граѓаните дека компанијата „Техномаркет“ ќе донира 500 машини за перење. Она што се бара од следбениците на страницата е да го споделат постот, да коментираат на истиот и да се регистрираат на некој линк. Станува збор за Фејсбук страница креирана на 13 јуни која има над 9.000 следбеници.

Во објавата се наведува:

Добри вести со задоволство објавуваме дека ќе донираме 500 машини за перење кои не можат да се продадат поради мали гребнатини и помали оштетувања, сите овие машини сè уште работат добро, така што по случаен избор ќе испратиме до секој што ќе сподели и ќе напише „Готово“ последниот чекор што треба да го направите кликнете на овој линк за вашето име да биде регистрирано како официјален победник на нашиот настан

Доколку го отворите линкот оставен за регистрација, ќе видите дека на истиот го има официјалното лого на „Техномаркет Македонија“ и ново упатство со копче за регистрација:

Возбудени сме што ќе ви дадеме шанса да победите. Имајте предвид дека треба да го потврдите вашето име овде, ве молиме кликнете на копчето за регистрирање подолу за да се регистрира името на вашата сметка на Фејсбук како официјален победник и ќе ја добиете оваа награда од нас, доколку не ги завршите сите овие чекори, наградата ќе биде фрлена на некој друг

Во коментарите под постот, на различни прашања од следбеници, следува еден ист одговор од страницата:

 Вашиот влез е речиси завршен! Сè уште треба прво да го завршите процесот на валидација. За да го направите ова, едноставно споделете ја оваа објава со 8 активни групи во кои сте. Откако ќе завршиме, потребни ни се 24 часа за да провериме сè. Благодарам и со среќа

Постот во моментот на нашата рецензија има 3 илјади коментари и 1,9 илјади споделувања.

На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква содржина .

Не е првпат лажната Фејсбук страница !Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење.Таков случај имаше и во јуни годинава, тогаш од „Техномаркет Македонија“ ги предупредија своите следбеници дека станува збор за измама:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Почитувани потрошувачи,

ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА Ве известува дека се појави лажна Фејсбук страница која го користи името и логото на нашата компанија и со лажна наградна игра се обидува да ги злоупотреби Вашите лични податоци и да Ве доведе во заблуда.

Името на оваа страна е TehnoMarket FANS, доколку веќе сте споделиле Ваши податоци со оваа страна веднаш избришете ги и страната пријавете ја кај администраторите на Фејсбук, а доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР.

ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се оградува од сите дејствија настанати преку лажната Фејсбук страница. Ве предупредуваме да не наседнувате, да не оставате Ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет.

Единствена Фејсбук страница на Техномаркет Македонија е https://www.facebook.com/TehnomarketMakedonija/

а лажната страница е пријавена кај надлежните органи.

Со почит,

Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје

Имајќи предвид дека самата ФБ страница e сомнителнa, како и фактот што компанијата „Техномаркет Македонија’’ на својата официјална Фејсбук страница нема објава за наградна игра со која се доделуваат 500 машини за перење, постот го оценуваме како невистинит и измамнички. Очигледно целта на лажната фејсбук страница е да се изиграат и манипулираат граѓаните со цел прибирање на нивните податоци.

Прочитајте повеќе

Контраспин Мицкоски

Контраспин: Мицкоски го болат навреди само кога паѓаат на неговиот грб

Сосема е јасно дека Мицкоски, дури и под претпоставка тој најмалку да користел навредливи и …