време облачно студено

Наутро студено за овој дел од годината, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност

Времето утрово е студено за овој дел од годината, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во северните делови.

Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец, само во западните делови ветерот ќе е западен и повремено ќе засилува.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од југоисточен правец.

Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Денес во поголемиот дел од земјата ќе дува повремено засилен јужен, а во западните делови западен ветер кој ќе засилува.

Потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен.

Краткотрајно во попладневните часови претежно во планинските делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

 

Прочитајте повеќе

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ …