протести

Насилство пред Собранието, искршени прозорци, полицијата ги потисна демонстрантите

Полицијата им се спротивстави на дел од демонстрантите кои претходно ја урнаа оградата пред Собрание и фрлаа со предмети кон полицијата и кон собраниската зграда.

Полицискиот кордон кон стоеше непосредно пред зградата на Парламентот ги потисна демонстрантите и се распореди на работ од улицата која поминува пред Собрание, а оттаму ги потисна демонстрантите кон паркот Жена борец. Демонстрантите и понатаму фрлаат со предмети кон полицајците. Има повредени полицајци, пред Собранието дојде амбулантно возило. Најмалку двајца од демонстрантите се приведени, јавува новинарот на Радио Слободна Европа кој го следи протестот.

Четврти ден по ред има протести против францускиот предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговорите со ЕУ.

Претходно, дел од демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог, ја урнаа оградата пред Собранието. Десетици момчиња од кои повеќето со качулки на главите фрлаат кон Парламентот и полицискиот кордон со разни предмет и користат пиротехника и молотов коктел.

Денешниот протест започна пред Владата, продолжи пред МНР, па до Собрание. Кога стигнаа пред Парламентот беше интонирана националната химна и луѓе се обидоа да одржат говори, но дел од насобраната маса почна да вика дека – Ова не е митинг, по што почнаа да ја уриваат оградата. Тие бараат оставка од владата.

Прочитајте повеќе

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

УСС УКИМ со поддршка до колегите од Србија: Да се потсетиме дека неодамна и кај нас владееше режим

„Да се потсетиме дека неодамна кај нас, исто така, владееше режим чија цел беше да …