Тесна победа на Лула на изборите во Бразил

Тесна победа на Лула на изборите во Бразил

Луис Инасио Лула да Силва ја доби битката за претседател на Бразил. Останува прашањето како по речиси изедначената трка како ќе се однесува актуелниот претседател Жаир Болсонаро.

На претседателските избори во Бразил, поранешниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва и актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро се бореа рамо до рамо. На крајот Лула постигна тесна победа: изборните органи го прогласија за победник со 50,9 отсто од гласовите. Болсонаро доби 49,1%.

Во својот прв говор по изборите, Луланајави дека сака да ги помири непријателските табори во оваа јужноамериканска земја. „Ќе владеам за 215 милиони Бразилци. Нема два Бразила, само еден народ“, изјави Лула во Сао Паоло. Според него, дојден е моментот за враќање на мирот.

Славје на приврзаниците на Лула да Силва во Сао Паоло
Славје на приврзаниците на Лула да Силва во Сао Паоло 

Губитникот молчи

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на новоизбраниот претседател на Бразил за победата. Тој притоа нагласи дека гласањето било „слободно, фер и веродостојно“.

Претседателот Болсонародосега сè уште не излезе со изјава. Сепак, сојузниците на актуелниот шеф на државата ја признаа победата на Лула. Болсонаро во неколку наврати фрлаше сомнеж врз изборниот систем и навестуваше дека можеби нема да сака да го признае резултатот. Некои од неговите поддржувачи дури и отворено повикаа на воен удар.

Жаир Болсонаро засега молчи
Жаир Болсонаро засега молчи 

Избори значајни не само за Бразил

Лула победи во првиот круг од изборите, на 2 октомври, иако многу потесно од она што го покажуваа анкетите. Потоа, трката повторно се сметаше за целосно отворена. Предизборната кампања со месеци ја одбележаа сериозни меѓусебни обвинувања и лажни информации кои се шират на интернет. И двајцата кандидати се бореа за секој глас до крај.

Изборите имаат значителни импликации и надвор од границите на Бразил. Како огромен јаглероден резервоар, регионот на Амазон игра важна улога во борбата против глобалните климатски промени. Со оглед на тензичната ситуација на пазарите на енергија и храна поради војната во Украина, Бразил со своите огромни природни ресурси е исто така и важен трговски партнер.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …