Тимоние: Делчево е конкретен пример за добра инвестиција

Тимоние: Делчево е конкретен пример за добра инвестиција

Амабсадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, денеска престојуваше во  Делчево. Во рамките на посетата, амбасадорот Тимоние оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на која се разговараше за приоритетите на локалната власт, меѓуграничната соработка со соседна Бугарија и изборниот процес при што беше потенцирано значењето на одржување на фер и демократски избори што ќе придонесе кон зацврстување на демократијата и огромен чекор напред кон отпочнување на преговорите со ЕУ и продолжување на реформите.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата на амбасадорот што е и прва посета на француски амбасадор на Делчево.

– На средбата го запознавме почитуваниот амбасадор со приоритетите на општината како погранично место, со нашите заложби, со актуелните проекти, а го истакнавме значењето на поддршката од ЕУ преку најразлични фондови, посебно инструментот за прекугранична соработка. Во Делчево, француските класици и јазикот се изучуваат со внимание, а францускиот јазик е еден од трите најзастапени јазици во делчевските училишта и него го изучуваат 352 ученици. Се надевам дека оваа прва посета на францускиот амбасадор во Делчево му овозможи подобро да го запознае Делчево и очекувам оваа убава средба да донесе и идна соработка, рече Трајковски.

Амбасадорот Тимоние изразувајќи задоволство од посетата истакна дека Делчево е конкретен пример за добра инвестиција.

-Во Делчево постои конкретен пример за добра инвестиција во иднината што е и европска иднина, а разговаравме и за прекуграничната соработка со Бугарија која е подобрена благодарение на напорите кои ги направи оваа Влада со потпишување на договорот за меѓусоседски односи со Бугарија кој носи не само политичките придобивки, туку и економските, истакна Тимоние.

Тој додаде дека Франција ќе даде конкретна поддршка за што поголемо изучување на францускиот јазик, бидејќи тој е еден од јазиците и иднината на патот во Брисел. Во таа смисла, амбасадорот Тимоние оствари средба и со професорите по француски јазик и со директорите на училиштата, а ја посети и француската библиотека при НУЦК„Н.Ј.Вапцаров“ и локалниот музеј.

 Во неговата агенда е и средба со претставници од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, како и посета на делчевската фирма „Прогрес“ која има француски партнери.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …