Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот ја јавното претпријатие Комуналец Гевгелија, Златко Зумров денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија.

Преку овој систем за водоснабдување и бунарите денеска се снабдуваат со чиста и здрава вода околу 16.000 жители од гевгелискиот регион.

Во рамки на  увидот на бунарите и системот за водоснабдување градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков посочи дека е решен долгогодишниот проблем на гевгеличани со водоснабдувањето и присуството на арсен во водата за пиење,  сериозен проблем за кој алармираа граѓаните уште од 2012 година и е основа за изградба на целосно нов систем за водоснабдување кој денеска ги снабдува граѓаните со чиста, здрава и питка вода.

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев имаа прилика да ги посетат просториите каде што се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.

Прочитајте повеќе

Министерството за правда ја започна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција

Соопштение од Министерството за правда по однос на барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски од …