Точно на пладне, прес-конференција на премиерот Заев

Денеска со почеток во 12:00 часот, во Медија центарот на Владата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе им се обрати на граѓаните.

Прес-конференцијата доаѓа еден ден после самитот на ЕУ во Брисел, на кој Франција се спротивстави на одредувањето на датум за почеток на преговорите за нашата држава, како и после вчерашните бројни телефонски разговори на премиерот со европските лидери кои му искажаа безрезервна поддршка и ја потенцираа неправдата која и’ беше нанесена на Република Северна Македонија.

Во текот на вчерашниот ден, премиерот Заев имаше средба и со претседателот на најголемиот коалициски партнер ДУИ, Али Ахмети.

Прочитајте повеќе

Партиите договорија датум за избори: на 24 април прв круг претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова …