Трамп и Макрон им оддадоа почит на ветераните: Ви ја должиме нашата слобода

Трамп и Макрон им оддадоа почит на ветераните: Ви ја должиме нашата слобода

Двајцата претседатели денес зборуваа на церемонија на американските гробишта во Нормандија, каде се погребани повеќе од 9.000 американски војници

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон ги поздравија ветераните и го истакнаа духот на соработката меѓу сојузничките држави, одбележувајќи ја 75-годишнината од офанзивата позната како Денот „Д“, што довела до пораз на нацистите и до крај на Втората светска војна.

Тие зборуваа на церемонија на американските гробишта во Нормандија, каде се погребани повеќе од 9.000 американски војници.

Макрон им оддаде почит на оние што ги жртвувале животите борејќи се за ослободување на Франција, велејќи дека операцијата ја променила иднината на Европа и на светот.

Тој зборуваше на француски јазик, но, во еден момент се сврте кон ветераните и им се обрати на англиски.

„Знаеме дека ви ја должиме вам ветераните нашата слобода. Во име на мојата држава сакам да ви се заблагодарам“, им рече Макрон.

По неговиот говор, францускиот претседател ги одликува со „Легија на честа“ пет американски ветерани.

Трамп, пак, во неговото обраќање им оддаде почит на оние што го ризикувале животот за нивните браќа, држави и за опстанокот на слободата.

„Денес се сеќаваме на оние што го дадоа животот овде во Нормандија. Тие ја вратија оваа земја на цивилизацијата“, изјави Трамп.

Тој, исто така, повторно ја истакна солидарноста со сојузниците кои ја прославуваа 75-годишнината оваа недела.

Извор: Глас на Америка

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …