Трамп се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението

Трамп се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е и фаворит за кандидат на Републиканците за изборите во 2024 година, се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни податоци, пред судот во Менхетен.

Истрагата против него сее водеше за тајни исплати на порно ѕвезда за време на претседателската кампања во 2016 година за да молчи за нивната наводна афера.

„Не сум виновен“, рече Трамп пред судот, кога беше прашан како се изјаснува.

Тој не кажа ништо додека влегуваше во судницата, ниту кога замина околу еден час подоцна.

Трамп претходно ги нарече обвиненијата против него политички мотивирани.

Од Њујорк, тој заминува во неговото одморалиште Мар-а-Лаго, од каде што ќе се обрати по полноќ по централноевропско време, соопштија од неговиот кабинет.

Трамп претходно им се предаде на властите во судот во Менхетен.
Тој го опиша искуството како „надреално“ на социјалната мрежа „Трут сошл“ додека патуваше од Кулата Трамп до судницата во Менхетен. Тој е прв поранешен претседател во историјата на Соединетите Држави кој е кривично гонет. Пред судот пристигна со колона од 8 возила.

Ова е прво излегување на Трамп пред суд по долгогодишните истраги за неговите лични, деловни и политички зделки.

Трамп ги поздрави насобраните пред Судот, пред да влезе внатре за да му бидат земени отпечатоци од прсти, да биде фотографиран и процесиран.
Полицијата во Њујорк соопшти дека е подготвена за големи протести од поддржувачите на Трамп.

Трамп и неговите поддржувачи сметаат дека обвинението, но и другите истраги против него, се политички мотивирани за да го ослабнат неговиот обид да се врати во Белата куќа во 2024 година.

Истрагата против него детално ги проверува шестцифрените исплати за порно актерката Сторми Даниелс и плејбој моделот Карен Мекдугал. Двете велат дека имале сексуално односи со женетиот Трамп пред да влезе во политиката. Тој негира сексуални врски со двете жени и негира какви било погрешни постапки со плаќањата.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Британските пратеници гласаат за закон за забрана за продажба на електронски цигари кои таргетираат млади

Британските пратеници гласаат за закон за забрана за продажба на електронски цигари кои таргетираат млади

Членовите на парламентот на Обединетото Кралство треба да гласаат за законот за пушење тутун и …