Три награди за прилепскиот театар на фестивалот во Никшиќ

Учеството на „Меѓународниот фестивал на глумецот Никшиќ 2018“, на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ му донесе 3 престижни награди.

Според одлуката на фестивалското жири, претставата на прилепскиот театар „Љубовни пози на историјата“, е добитник на Гранд при за најдобра колективна игра.

Гранд при награда за најдобра епизодна улога ѝ припадна на Ангела Наумоска, за улогата на госпоѓицата во претставата „Љубовни пози на историјата“, а истата награда во машка конкуренција ја доби Зоран Иваноски, за улогата на мајсторот во претставата која прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја изведе на фестивалот во Никшиќ, Црна Гора.

Претставата „Љубовни пози на историјата“ е работена по текст на Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.

Прочитајте повеќе

Партиите договорија датум за избори: на 24 април прв круг претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, даде изјава по лидерската средба што се одржа на негова …