Тројца министри на МИОА последователно зборуваат за Законот за висока раководна служба, четири години истиот не е готов

Граѓанскиот сектор е скептичен за донесувањето на Законот за висока раководна служба со кој при изборот на раководители на институциите ќе треба да се воспостави систем на меритократија. Предизвик за РСМ останува враќањето на довербата на граѓаните кои сметаат дека на чело на институциите се поставуваат партиски луѓе и без соодветни квалификации.

За ова, меѓу другото, стана збор и на онлајн дебатата, организирана од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје на тема „Именување според меритократија: Што да очекуваме од Законот за висока раководна служба“, на која разговараа министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, раководителот на Центарот за добро управување при Институтот за демократија, Миша Поповиќ и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска-Сачмароска, известува Порталб.мк.

„Планот е во следните две недели Законот за висока раководна служба да го објавиме во ЕНЕР, потоа ќе организираме јавни дискусии. Овој закон и Законот за реорганизација и Законот за административни службеници ни се многу важни и имаме намера во наредните месеци да ги поднесеме во Собрание. Со законот се предлага воспоставување на нов систем кој ќе се применува постепено, со можност истиот да се имплементира во целиот систем. Првично ќе бидат вклучени 130 институции, со намера тој број да се зголеми. Имплементацијата ќе се одвива паралелно со процесот на реорганизација. Првично ќе се имплементира во три министерски системи, МИОА, Економија и Земјоделство“, нагласи министерот Алити.

Но, со оглед на тоа што овој процес започна во 2018 година, а министерот Алити е третиот министер, по Јетон Шаќири и Дамјан Манчевски, кој го започнува овој процес, Неда Малеска од Центарот за управување со кризи изрази скепса за системот што се предвидува да се воспостави.

„Мило ми е што слушам дека повторно се отвора прашањето за донесување на законот за кој зборуваме од почетокот на 2018 година. Ќе ми дозволите да изразам скептицизам бидејќи вие сте третиот министер со кој упорно го отвораме ова прашање, но не можеме да видиме заокружување на донесувањето на законот или воспоставување на системот кој ќе обезбеди, би рекла, поголема професионалност на избраните и назначени лица наместо целосна де партизација или политизација“, рече Малеска, потсетувајќи дека нашите меѓународни партнери нѐ потсетија дека една од точките на критика е високата раководна служба и прашањето за професионализација на оваа структура за да ги имаме најдобрите кадри кои ќе да може да спроведат поуспешни и поефективни политики за граѓаните.

Како што објасни Малеска, денес во околу 75% од европските земји, веќе ја имаат воспоставено високата раководна служба и голем дел од дебатите што се водат за ефикасноста на администрацијата, практично е улогата и важноста на високата лидерска служба или на начинот на кој се раководени тие институции.

И покрај скептицизмот Малеска, истакна дека тоа сепак треба да се спроведе бидејќи е во најдобар интерес на државата.

„Знам дека има простор за скептицизам, но за себе и за мојот кабинет можам да кажам дека доколку бев скептичен, немаше да се нафатам на ова прашање. Ова мора да го направиме сите бидејќи ова не е за доброто на мојата партија Алтернатива, туку за доброто на државата“, рече Алити.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија изјави дека главен предизвик при назначувањето на високи раководители, без разлика дали ќе се носи новиот закон или не, е недовербата во коректноста на постапката.

„Главниот предизвик со кој се соочува процесот на назначување, со или без новиот закон, е недостигот на доверба дека назначувањето на високата служба е коректно. Се мисли дека патот е партијата. Таква недоверба видовме и пред назначувањето на Антикорупциска, затоа многу кандидати не се пријавиле бидејќи мислеле дека изборот нема да биде коректен, иако беше коректен. Она што е сигурно е дека највисоките политички фигури, премиерот, министрите, особено оние кај кои ќе бидат огласени позиции под нив, ќе мора да испратат јасни пораки на охрабрување. Ова изгледа наивно, но на почетокот не можеме да очекуваме многу. Сепак, усвојувањето на законот нема да биде доволно, бидејќи процесот нема да ја има потребната доверба, а оваа доверба ќе треба да се бара. Неопходно е процесот за избор на Изборната комисија, да се спроведе без инциденти. Треба да се видат параметрите како ќе бидат избрани, параметрите како е избрана Антикорупциската комисија“, нагласи Поповиќ.

Откако министерот изјави дека Законот за висока раководна служба ќе се развива паралелно со Законот за реорганизација, Малеска му препорача на министерот Алити да не ги врзува Законот за висока раководна служба и Законот за реорганизација, бидејќи вториот може да потрае подолго време.

„Не треба да се очекува реорганизација за да се усвојат вакви практики, според системот за меритократија. Ви предлагам овие постапки да ги поделите, да не се врзат и да се мачиме за да направиме нешто“, нагласи Малеска.

На ова министерот истакна дека врската што ја прават со реорганизацијата не е суштинска и дека двата закони нема да одат во пакет: „Нема врзување, и дека ако не успее реорганизацијата ќе падне Законот за висока раководна служба“.

Наскоро се очекува законот да биде објавен на ЕНЕР, по што ќе се отвори јавна расправа.

Предвидено е со овој закон да се формира Комисија која ќе ги избира кандидатите за одредени институции според системот за меритократија и потоа ќе формира краток список со имињата на најдобрите кандидати кои потоа ќе бидат интервјуирани од соодветниот министер.

„Добар чекор е, денес имаме само еден кандидат на некој партиски огранок и доволно е партијата да даде само едно име и да биде именуван/а“, рече Алити.

Инаку, реформите во администрацијата за Северна Македонија, освен што се потреба за граѓаните, тие се и услов за интеграција на земјата во ЕУ. Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е носител на реформскиот процес, односно ја има изготвено Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018–2022 година, која ги утврдува мерките што треба да се преземат за пет години за да се постигнат општите и конкретни цели поставени во секоја од приоритетните области.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

вакцина

Вакцините не влијаат на интелигенцијата, ама невакцинираните влијаат на колективниот имунитет

Невакцинираните лица кои немаат причина да не се вакцинираат (се наоѓаат на соодветна возраст, не …