Тројца убиени во руски напад на Доњецк

Тројца убиени во руски напад на Доњецк, меѓу нив и 11-годишно дете

Досега 508 деца загинале, а 1.135 биле повредени во Украина како резултат на руската агресија врз земјата

Двајца цивили, меѓу кои и едно дете, загинаа во руско гранатирање на украинскиот регион Доњецк. Како што пренесува Укринформ, бројката на жртви не е конечна бидејќи во моментов е невозможно да се утврдат жртвите во Мариупол и Валноваха.

Руските сили вчера извршиле ракетни напади врз селото Бахатир во областа Валноваха. Загинало 11-годишно момче, а повредени биле и неговиот шестгодишен брат и 31-годишната мајка.

Во гранатирањето повредени биле уште осум лица, информираше вршителот на должност началник на регионалната воена администрација на Доњецк, Ихор Мороз.

До утрово, вкупно 508 деца загинале, а 1.135 биле повредени во Украина како резултат на руската агресија врз земјата, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.

Податоците не се конечни бидејќи се работи на утврдување на жртви во областите на воените операции, како и во привремено заземените и ослободените територии. Најмногу деца загинале и биле повредени во Доњецката област – 492, потоа во регионот Харкив – 303, Херсон – 130, Кијив – 129.

Руската армија вчера го гранатирала и регионот Херсон над 100 пати, при што загинале двајца цивили. Само кон градот Херсон биле истрелани 49 гранати.

Прочитајте повеќе

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Репортажа од Берлин: “Das Unbeschreibliche, hier ist’s getan” (Неописливото, се случи овде) Салата во Берлинската …