Тројца загинати во поплави на северот на Италија

Тројца загинати во поплави на северот на Италија

Властите во северна Италија денеска ги предупредија жителите да се преселат на повисоки места поради стравувањата дека реките надојдени од дожд ќе ги срушат одбранбените насипи. Три лица веќе загинаа во поплавите во Италија, додека повеќе од 5.000 се евакуирани.

Градоначалникот на градот Чезена, Енцо Латука, рано денска објави видео рано на Фејсбук за да предупреди дека континуираниот силен дожд во регионот Емилиа-Ромања може повторно да ја поплави реката Савио и помалите притоки.

Тој ги повика жителите да се преселат на горните катови од своите домови и да ги избегнуваат бреговите на реките, а најави и затворање на некои мостови и улици за сообраќај откако големите поплави предизвикаа лизгање на кал што го преплави градот.

„Ситуацијата би можела повторно да стане критична. „Воопшто не можеме да се опуштиме“, рече тој.

Министерот за цивилна заштита Нело Мусемечи потврди дека три лица загинале и дека околу 5.000 луѓе се евакуирани.

Заменик шефот на агенцијата Тити Постиљоне рече дека операциите за спасување на оние на кои им била потребна итна евакуација биле особено тешки, со оглед дека многу патишта и патни делови се поплавени. Говорејќи на „Sky TG24“, таа истакна дека погодената област од поплави опфаќа широк опсег од четири провинции.

Таа рече дека неколку луѓе се водат за исчезнати, но не може да ја каже точната бројка. Државната телевизија РАИ и другите медиуми соопштија дека најмалку четири лица се водат како исчезнати, едно во Чезена и три во блискиот Форли.

Неколку реки се излеаја од коритата во Ромања, источниот дел од регионот свртен кон Јадранското Море, принудувајќи ги луѓето во градовите како Чезена да се качат на покривите на нивните згради каде што пожарникарите ги спасуваа со хеликоптери или гумени чамци.

Премиерката Џорџа Мелони рече дека владата ја следи ситуацијата и дека „е подготвена да интервенира со потребната помош“.

Во Италија се зголемуваат временските непогоди. Обилните врнежи од дожд во Емилија-Ромања дојдоа по неколкунеделна суша, намалувајќи ја апсорпцијата на вода поради исушенто земјиште и влошувајќи ги последиците од поплавите.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската војска им наредила на Палестинците кои живеат во населбите во Источен Рафа, во близина …