Трудо: Протестот на камионџиите во Канада „мора да престане“

Трудо: Протестот на камионџиите во Канада „мора да престане“

Канадскиот премиер Џастин Трудо побара прекин на протестот на камионџии против ограничувањата за ковид-19 што го парализираа главниот град, бидејќи градоначалникот на Отава ги повика федералните власти за поддршка „Мора да престане“, рече Трудо за време на вонредната дебата во Долниот дом, откако беше изолиран поради позитивен тест на ковид-19. Видно фрустриран поради протестите што ја доведоа Отава во застој тој вети поддршка на федералната влада „со какви било ресурси што им се потребни на провинцијата и градот“, без да елаборира какви мерки би можеле да се планираат.

Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, претходно ја повика федералната влада да испрати дополнителни 1.800 полицајци и да назначи посредник да работи со демонстрантите за „да се стави крај на оваа опсада“ што ги налути локалните жители со непрестајно свирење и бензински гасови. Во неделата Вотсон прогласи вонредна состојба во главниот град, прогласувајќи ги протестите „надвор од контрола“. Демонстрациите „Конвојот на слободата“ започнаа на 9 јануари во западна Канада како протести на камионџии лути на барањата за вакцинација при преминувањето на американско-канадската граница.

Оттогаш тие се претворија во пошироки протести против здравствените ограничувања и владата на Трудo.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Хари Потер замок

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Зградата со необичниот прекар е дел од академијата за право на поранешниот пратеник Серхиј Кивалов, …