(Видео и аудио) Седум години од почетокот на „Вистината за Македонија“

(Видео и аудио) Седум години од почетокот на „Вистината за Македонија“

На денешен ден пред 7 години, под мотото „Вистината за Македонија“, лидерот на тогаш опозициската СДСМ, Зоран Заев, ја одржа првата од четириесетината прес конференции на кои објави дел од незаконски следените разговори од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Преку таканаречените „бомби“, пошироката јавност слушна како тогашната Влада предводена од Никола Груевски договарала и организирала изборни измами, како ги уредувала и контролирала дел од медиумите, како се избирале судии од „тефтерчето на Горде“, како се одмаздувала кон политичките опоненти и неистомисленици, како се купувале плацови на Водно…

Со првата објавена „бомба“, јавноста слушна мал дел од аудио-снимките со кои во период од неколку години, околу 26.000 граѓани биле незаконски прислушувани од страна на безбедносните служби, а по директна наредба на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Од објавените разговори може да се слушне дека покрај новинари, судии, обвинители, бизнисмени и опозициски политичари, братучедите го прислушувале и својот коалициски партнер, Али Ахмети, па дури и своите најблиски соработници, Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески.

Една година подоцна, во 2016 година, како резултат на одлуката на тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, да прогласи аболиција за сите осомничени и обвинети политичари во истрагата за незаконското прислушување, започна „Шарената револуција“.

Прочитајте повеќе

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

Руски обрач околу Харков: „Страшно е”

Украинската војска јавува за тешки борби во руско-украинскиот пограничен регион Харков. Од офанзивата на исток …