Полицијата вчера изрекла 318 казни за прекршоци што ги прават пешаците

Полицијата вчера изрекла 318 казни за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 318 пешаци, соопшти МВР.

„При тоа 250 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло…Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово. За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци“, наведено е во соопштението.

Според податоците на МВР за време на вчерашната контрол санкционирани се 141 возач кои возеле брзо. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 41 надвор од населено место.

Од полицијата нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат …