Загадениот воздух ја зголемува смртноста од ковид-19 за речиси 20 отсто

Загадениот воздух ја зголемува смртноста од ковид-19 за речиси 20 отсто

Населението изложено на загаден воздух е помалку отпорно на ковид‐19, а нечистиот воздух може да ги влоши симптомите од вирусот, покажуваат истражувањата кои ги сподели Европскиот фонд за Балканот во рамките на кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ заедно со партнерите од регионот. Досегашното истражување покажува  дека загадениот воздух на глобално ниво ја зголемува смртноста од ковид‐19 за 15 отсто, а во Европа за 19 отсто. Утврдено е и дека секое зголемување на концентрацијата на ПМ честичките за еден микрограм на кубен метар, предизвикува пораст на смртноста од ковид‐19 за 11 отсто.

Ова е проблем со кој се соочуваат и повеќето од земјите од Западен Балкан, а како директна последица на загадувањето на воздухот и пандемијата на ковид‐19 се зголемениот број на смртни случаи во регионот. Според најновите информации, расте бројот на докази и научни студии за врската помеѓу загадувањето на воздухот и пандемијата на ковид‐19 во регионот, но сè уште недостасуваат релевантни еколошки и епидемиолошки студии за Западен Балкан.

„Студиите мора да бидат прецизно планирани и имплементирани за да се овозможат соодветни заклучоци и предлог мерки. Со кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, ги повикуваме носителите на одлуки  да го зголемат учеството на претставниците на здравствениот сектор во  процесите на донесување одлуки, со цел да се обезбеди навремена интеграција на здравствените мерки во политиките за животна средина“, порачуваат од „Обединет Балкан за чист воздух“.

Неопходно е, сметаат, да се вклучат и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во јавните политики и плановите за закрепнување од пандемијата, во согласност со обврските од Зелената агенда за Западен Балкан, кои се прифатени од сите држави.

Кампањата „Oбединет Балкан за чист воздух“ беше иницирана од Европскиот фонд за Балканот во партнерство со Еко Форум од Зеница, Институт за територијално управување со животната средина од Тирана, Сбункер и Балкан Грин Фондација од Приштина, Air Care од Скопје, ОЗОН од Подгорица, Регулаторниот институт за обновливи извори и животна средина и Отворено училиште Белград од Белград.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …