Турција турско знаме

Турција го отповика амбасадорот на Израел

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел да прифати прекин на огнот

Турција соопшти дека го отповикува својот амбасадор во Израел поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Газа, пренесува Тајмс оф Израел (Times of Israel).

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сакир Озкан Торунлар бил отповикан „со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел да прифати прекин на огнот“.

Израелските власти претходно соопштија дека имаат намера да ја продолжат војната додека не ја уништат моќта на Хамас во Газа и дека не може да има прекин на огнот додека не се ослободат сите 240 заложници кои се држат во Газа.

Израелските сили го опколија најголемиот град во Газа, обидувајќи се да го уништат Хамас како одмазда за нападите во Израел на 7 октомври, во кои беа убиени околу 1.400 луѓе, претежно цивили, а 240 луѓе беа земени како како заложници.

Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека речиси 9.500 луѓе, претежно жени и деца оттогаш биле убиени во израелските напади и засилената копнена кампања.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како што пренесува Франс.24, изјавил за новинарите дека го смета лично одговорен израелскиот претседател Бенјаним Нетанјаху за зголемениот број цивилни жртви во Појасот Газа.

„Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме“, изјавил Ердоган.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Германскиот канцелар Шолц

Зошто Шолц не може да распише нови избори како Макрон?

Претседателот на Франција, Емануел Макрон по европските избори распиша вонредни избори за францускиот парламент. Во …