Турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“ се ближи кон крајот, поделени првите награди во пионерска конкуренција

Турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“ се ближи кон крајот, поделени првите награди во пионерска конкуренција

На хуманитарниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“, синоќа се одиграа финалните натпревари во категоријата Пионери – генерација 2010 и 2011.

Првото место и’ припадна на екипата „Фото студио Дано“, која во финалниот натпревар ја совлада екипата на „Еврогол1 – Ресторан Сокаче“ со 1:0.

Во натпреварот за третото место поуспешни беа пионерите од екипата на ФК „Перак 1“, кои со резултат од 3:1 ги совладаа своите врсници од „Еврогол 2 – Пицерија Дел Посто“.

Синоќа се одиграа и завршните натпревари кај пионерите од генерацијата 2009 година. Победници на турнирот во оваа категорија се младите фудбалери на ФК „Перак“, второпласирана е екипата на ФК „Победа“, а третото место и’ припадна на екипата „Фудбалска школа Тони 1“.

Наградите на најдобрите екипи им ги врачи градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

После победата на пенали над екипата на „ЗФСК – Начко“, ветераните на „Лезор Аскеро“ се пласираа во финалето во категоријата „Ветерани“, каде за противник ќе ја имаат екипата на „Теа дизајн“.

Дел од синоќешната програма на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“ беа и двата четвртфинални натпревара во сениорска конкуренција. Екипата на „Теа Андреа“ со 4:0 ја совлада екипата на „Хотел Монтана – Најс травел“, додека играчите на „Фенербахче“ беа подобри од противниците од „Евротип“ и забележаа победа од 5:1.

Љубителите на малиот фудбал вечерва ќе проследат уште 5 исклучително интересни натпревари.

На почетокот, во натпреварот за третото место кај пионерите од генерацијата 2007/2008 ќе се сретнат екипите на „Марчело Ла Маху“ и ФК„Перак“, а во финалниот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на ФК„Битола“ и „Тргачо“.

Во финалниот натпревар кај ветераните ќе се сретнат екипите на „Теа Дизајн“ и „Лезор Аскеро“, после кој што следуваат двата полуфинални натпревари во сениорска конкуренција.

Учесници на првото полуфинале се екипите на „Бучин“ и „Теа Андреа“, додека во шлагерот на вечерта на паркетот на „Универзална сала“ ќе се најдат играчите на „Фенербахче“ и „Ресторан Путник“.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …