Твитер
A Twitter logo is seen on a computer screen on November 20, 2017. (Photo by Jaap Arriens/NurPhoto)

Твитер ќе ги гаси профилите кои во континуитет шират невистини за ковид-19

Социјалната мрежа Твитер вчера соопшти дека воведуваат нови правила со кои ја засилуваат борбата против ширењето на невистини во врска со ковид-19. Твитер ќе поставува предупредувања на оние твитови кои содржат невистини за вакцините против ковид-19. Исто така, одредени профили на Твитер можат да бидат трајно забранети доколку во континуитет, и по пет предупредувања, продолжат да шират дезинформации против вакцините.

„Од воведувањето на нашите упатства во врска со ковид-19, отстранивме повеќе од 8.400 твитови и предупредивме 11,5 милиони кориснички профили низ светот“, велат од Твитер.

Оваа социјална мрежа воведува нов систем кој ќе определи кога е неопходно да се преземе понатамошно дејствие, со кој треба да се намали ширењето на потенцијално штетни и подведувачки информации на Твитер, особено за повторени, умерени или сериозни прекршувања на нивните правила.

Според новите правила, со второто предупредување, профилот ќе биде блокиран 12 часа, со четвртото предупредување блокадата ќе трае седум дена и со петтото предупредување профилот ќе биде трајно избришан.

Твитер во декември минатата година ги сподели најновите новости во однос на нивните заложби за да се заштити јавната дебата за ковид-19 од ширењето на дезинформации. Во декември, Твитер веќе избриша некои лажни информации од профили, особено оние што сугерираат дека вакцините против ковид-19 се користат за да му наштетат на населението или да го „контролираат“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …