Уапсен екс директорот на УБК Владимир Атанасовски

На барање на Обвинителството за организиран криминал, вечерва е уапсен Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК, кој веднаш е спроведен во Кривичниот суд.

Неговото апсење доаѓа после вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, обвинети за настаните од 27 април, кои во својата одбрана го посочија Атанасовски како еден од организаторите на упадот во Собранието на Република Македонија.

Вечерва ќе биде познато дали ќе биде прифатено барањето на обвинителката Вилма Русковска, на Атанасовски да му биде одредена мерката притвор.

Прочитајте повеќе

Партиите не можат да се воздржат од политичка злоупотреба на убиствата на Палевски

Во политичката злоупотреба на случајот со двојното убиство се чини дека предничи ВМРО-ДПМНЕ, која преку …