МВР Полиција

Уапсен и протеран познат нарко бос од Турција

Полицијата вчера уапси и протера познат нарко бос од Турција, кој подолг период престојувал во државата. Во кулоарите се зборуваше за неговото присуство во Македонија и за неговите конекции со локални бандити, но и политичари. Од МВР го потврдуваат приведувањето.

„На 18.01.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност го приведоа Р.С.П. (49), кој престојувал спротивно на целта за краткорочен престој. По констатираната злоупотреба на престојот, лицето е протерано од територијата на Република Северна  Македонија“, се вели во соопштението на МВР.

Прочитајте повеќе

Собраниско финале за Буџетот за 2026

Собраниско финале за Буџетот за 2026

2,8 милијарди евра за плати и пензии, 654 милиони евра за капитални инвестиции, 1,7 милијарди …