Учесниците на „Илинденски денови“ на прием кај битолската градоначалничка
SONY DSC

Учесниците на „Илинденски денови“ на прием кај битолската градоначалничка

На последниот ден од 48. издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, во посета на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска беа претставници од интернационалните фолклорни групи кои се годинешни учесници, предводени од директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илиевски и стручното лице задолжено за фестивалот, Валентин Соклевски.

Во кабинетот на Петровска владееше вистинска шареноликост од носии на претставниците од играорните групи од Јапонија, Северен Кипар, Шпанија, САД, Полска и Македонија. Гостите ја изразија воодушевеноста од градот, особено од гостопримството на домаќините и на битолската публика, која го следи фестивалот во голем број. Градоначалничката Петровска ги запозна со главните карактеристики на градот, а потоа заеднички разменија подароци.

По средбата со играорците, Петровска се сретна и со македонската музичка дива Виолета Томовска. Томовска, како битолчанка, изрази задоволство што во живо, на голем концерт ќе има повторна средба со битолчани. Градоначалничката Петровска ги поздрави заложбите на Томовска за промоција на македонската музика, негувањето на фолклорот и традицијата и афирмацијата на Битола.

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …