Ковачевски

Учество на премиерот Ковачевски на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа кој ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

Фокусот на состанокот се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската инвазија и зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.

Состанокот ќе започне во 10:00 часот во резиденцијата „Бојана“, а презентацијата на заклучоците од состанокот е предвидена во 11:30 часот по македонско време.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …