Зеленски

Украина темелно го проучува прашањето за неутралност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека темелно го проучува прашањето за неутралноста на Украина, една од централните точки на преговорите со Русија за ставање крај на конфликтот. Една од клаузулите во преговорите се однесува на „безбедносните гаранции и неутралност и денуклеаризиран статус на нашата држава“, а тоа е барање на Москва, изјави Зеленски во интервју за руските медиуми, кое го пренесе украинското претседателство.

Украина стравува од нова посилна руска офанзива

„Подготвени сме да го прифатиме тоа“, рече Зеленски, додавајќи дека поентата на преговорите е „темелно проучена“. Според него, војната може брзо да се заврши, но „рускиот претседател Владимир Путин и неговата придружба се тие што одолговлекуваат“. Зеленски додаде дека договорот меѓу двете завојувани страни треба да биде ратификуван од парламентите на двете земји. Тој повтори дека во Украина ќе се организира референдум за тој договор.

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …