Учество на претседателот Пендаровски на вториот ден на Самитот за климатски промени во Глазгов

Учество на претседателот Пендаровски на вториот ден на Самитот за климатски промени во Глазгов

Претседателот Стево Пендаровски денеска, на маргините на Светскиот лидерски самит на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) што се одржува во Глазгов, оствари куси средби со американскиот претседател Џо Бајден, словачката претседателка Зузана Чапутова, германската канцеларка Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, израелскиот премиер Нафтали Бенет, британската министерка за Европа и Америка, Венди Мортон, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со поранешната британска премиерка Тереза Меј.

Претседателот Пендаровски денеска присуствуваше и на настанот со кој се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …