УЈП: 130.850 граѓани поднеле годишна даночна пријава, рокот е до 15 март

УЈП: 130.850 граѓани поднеле годишна даночна пријава, рокот е до 15 март

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава и потсетува дека наближува крајниот рок за поднесување до 15 март.

„Имајќи предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери“, информираат од УЈП.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …