Бахмут

Украинските сили ги одбиваат руските напади во Бахмут

Украинските сили продолжија да ги држат своите позиции на источниот фронт во текот на изминатиот ден, соопшти војската на 30 март, одбивајќи десетици напади во и околу Бахмут, град во регионот Донецк кој во минатото беше во фокусот на руската офанзива неколку месеци.

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на Соединетите Држави, соопшти дека Москва не успеала да постигне никаков напредок во Бахмут во последните недели, додека руските жртви продолжиле да растат.

Генералштабот на украинската армија во својот дневен билтен на 30 март објави дека руските сили продолжиле да ја концентрираат офанзивата на Бахмут и на неколку други локации во Донецк – Авдијевка, Маринка, Белохориевка и Лиман откако извршиле вкупно 60 напади на тие локации во изминатите 24 часа.

Само во Бахмут, украинските сили одбиле 28 непријателски напади, соопшти армијата.

Во текот на изминатиот ден руските сили извршија пет ракетни и 25 воздушни напади, како и 34 ракетни плотуни, се наведува и се додава дека продолжува неселективното гранатирање на цивилната и енергетската инфраструктура.

Немилосрдните напади врз Бахмут и неговата околина однесоа многу жртви од руските сили. На 29 март, Мили пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом изјави дека Русија „не постигнала напредок“ во врска со Бахмут во последните недели и дека платеничката група на Вагнер „трпела огромна количина на жртви“ во областа.

Претставници на синдикатите за здравство утрово се на состанок кај министерот за здравство на која, според нивните информации, ќе се разговара за анексот на колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите за исплата на плати. Претходно шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, призна дека борбите за Бахмут предизвикале сериозна штета на неговите сили, како и на украинската страна.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …