Уким Економски факултет

Универзитетите бројат вкупно 3.166 наставници, најмногу има на факултетите за медицина

Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура – бројот на наставнички и соработнички изнесува 50,1 отсто

Бројот на наставници и соработници во македонските високообразовни установи во тековната академска 2022/2023 година изнесува 4.496, информираше вчера Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број, 3.166 или 70,4 отсто се наставници, додека 1.330, односно 29,6 проценти се соработници во наставата.

Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура – бројот на наставнички и соработнички изнесува 50,1 отсто, додека наставници и соработници се 49,9 отсто.

Според универзитети, најмногу професори и соработници работат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје – вкупно 1.977, потоа на Државниот универзитет во Тетово – 783. На трето место според бројот на професори и соработници е Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип со 555 наставници и соработници.

Меѓу факултетите, најбројни се професорите на медицинските факултети. Така, најмногу наставници има Медицинскиот факултет на УКИМ каде се избројани вкупно 640 професори и соработници, а од нив над 61 отсто се жени. На второ место е Медицинскиот факултет при УГД, каде предаваат 217 професори и соработници, а од нив 63 отсто се жени.

Трет факултет со најмногу наставници и соработници – вкупно 205 – е Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово. Но, таму, за разлика од сродните факултети на другите државни универзитети, процентот на жени – професорки и соработнички, изнесува само 26,3 отсто.

По факултетите за медицински науки, според вкупниот број на професори и соработници, следуваат Филолошкиот (108) и Филозофскиот (106) факултет на УКИМ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Есенската кошница заврши - се чекаат новогодишните мерки

Есенската кошница заврши – се чекаат новогодишните мерки

Повеќе од 70 основни прехранбени производи од денеска, први ноември, ќе добијат нови цени откако …