Универзитетот во Кембриџ на есен почнува со клинички испитувања на вакцина против Ковид-19

Универзитетот во Кембриџ на есен почнува со клинички испитувања на вакцина против Ковид-19

Универзитетот во Кембриџ планира на есен да ги започне клиничките испитувања за својата потенцијална вакцина против Ковид-19, откако за тој проект доби 1,9 милиони фунти од британска Влада, пишува ФРОНТЛИНЕ.

За време на развојот на вакцината, научниците од Кембриџ ги користеле генетските секвенци на сите познати типови коронавирус за подобрување на имунолошкиот одговор во човечкото тело, за што, според нив, може да се избегне негативниот ефект на хиперинфламаторниот имунолошки одговор.

„Нашата крајна цел е да развиеме вакцина која ќе штити не само од САРС-КоВ-2, туку и од други сродни коронавируси кои можат да се шират кај луѓето од животни“, рече еден од научниците вклучен во развојот на потенцијалната вакцина.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …