Урнатиот мост во Балтимор - ден потоа

Урнатиот мост во Балтимор – ден потоа

По уривањето на мостот, надлежните власти сметаат дека шесте исчезнати лица по кои се трагаше, се починати. Американската крајбрежна стража вчеравечер објави дека запира активната потрага по преживеани. Се смета дека со оглед на температурата на водата по толку часови од несреќата веќе нема преживеани. Претставник на крајбрежната стража изјави дека не сакаат да го ризикуваат здравјето на спасувачите поради опасните струи и остатоци од мостот во водата.

Огромен контејнерски брод удри во мостот со четири ленти, долг повеќе од 2,5 километри во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, предизвикувајќи негово уривање. Според гувернерот на американската сојузна држава Мериленд, Вес Мур, контејнерскиот брод, кој возел под знамето на Сингапур, се движел кон мостот „со осум јазли, што е исклучително брзо“. Според властите, нема докази за намерен чин или за терористички напад. Сè укажува на несреќа, велат тие.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …