Денеска, среда 27 март, патот Прилеп-Битола ќе биде затворен за сообраќај заради изведување на градежни активности кај мостот на реката Шемница.
Во известувањето од АМСМ се вели:
„Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интензивирање на градежни активности во врска со проект ‘Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола’, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата“.