Успешен настап на младите веслачи на „Црн Дрим“ од Струга, на веслачката регата во Бугарија

На меѓународната веслачка регата која изминатиот викенд се одржа во Пловдив, Бугарија, учествуваше и веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга.

Во силна конкуренција, младите веслачи постигнаа одлични резултати:

  • Прво место за Климентина Стојмиловска во дисциплината „скиф“ за кадетки;
  • Второ место за Елена Столеска во дисциплината „скиф“ за јуниорки;
  • Трето место за Ана Прентоска, а осмо за Евгенија Грданоска во дисциплината „скиф“ за пионерки;
  • Трето место за Андреј Симоновиќ и Цвете Димоски во дисциплината дубл за пионери, а четврто за Леон Шутиноски и Александар Хиохи;
  • Петто место за Никола Мариноски и Владимир Голабоски во дисциплината дубл за јуниори;
  • Четврто место за Кристијан Китаноски во дисциплината скиф за кадети;
  • Шесто место за Вања Кукунеш во дисциплината скиф за пионери.

Струшките веслачи ги предводеше тренерот  Марјан Влаќески, а специјално признание доби претседателот на Веслачката федерација на Македонија, Здравко Голабоски за долгогодишната успешна соработка меѓу ВК „Тракија“ од Пловдив и ВК „Црн Дрим“ од Струга.

Прочитајте повеќе

Стефан Димковски, кој го возел Палевски до Турција, доби кривична и 30-дневен притвор

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека уште вчера поднеле кривична пријава по брза постапка …