УСВОЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2021 ГОДИНА

УСВОЕН БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА 2021 ГОДИНА

На последната, 67 седница на Советот на општина Битола, советниците го усвоија буџетот на Општина Битола за 2021 година, во вредност од 2.165.719.368 денари.

Капиталните расходи, кои се однесуваат на изготвување проекти, изградба на улици и патишта, водовод, канализација, како и купување на мебел, опрема, возила и машини, имаат за цел подобрување на јавните услуги и подобрување на инфраструктурата во општината. Капиталните расходи изнесуваат 35,27% од буџетот, односно 763.934.755 денари.

Буџетот исто така има развојна компонента, а приоритет е даден на 20 развојни проекти, во вредност од 270.501.969 денари.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …