Утре на плоштадот Скендербег граѓаните ќе можат да оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа

Утре на плоштадот Скендербег граѓаните ќе можат да оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа

Утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, во периодот од 10 до 13 часот. Поворката ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Прочитајте повеќе

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП

Најпрво причина за доцнењето на шесте нови еко-автобуси беше згрешен број на шасија, а сега …