Утврдени критериумите за остварување на правото на додаток до 30% на основната плата заради специфичност на работите

Утврдени критериумите за остварување на правото на додаток до 30% на основната плата заради специфичност на работите

На предлог на Министерството за финансии, Владата донесе Уредба за утврдување на поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетските корисници на централната власт, единките корисници и фондовите.

Со оваа Уредба се утврдуваат поблиските критериуми за остварување на правото на додаток на плата и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата до 30% од износот на основната плата, заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа на вработените во буџетските корисници од централната власт, единките корисници и фондовите.

Вработените во буџетските корисници на централната власт, единките корисници и фондовите, без избраните и именуваните лица, е предвидено да го остваруваат правото на додаток на плата во висина до 30% од износот на основната плата, само доколку во Буџетот на буџетскиот корисник, единката корисник и фондовите, во делот наменет за плати, има обезбедено средства за оваа намена. А, додатокот на плата се исплаќа за временски период од најмалку еден месец и најдолго до крајот на тековната фискална година.

Прочитајте повеќе

Блинкен навести дека САД ќе ги укинат ограничувањата за Украина околу користење на оружје со долг дострел во Русија

Блинкен навести дека САД ќе ги укинат ограничувањата за Украина околу користење на оружје со долг дострел во Русија

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, пак, изјави дека информациите околу испраќањето на балистички …