В сабота мирен протест „за потсетување и охрабрување“ на владата за Иловица

В сабота мирен протест „за потсетување и охрабрување“ на владата за Иловица

Активистите на „Здрава котлина“ од Струмица денес ги повикаа жителите на струмичкиот крај, како и скопјани да им се придружат на протест пред Владата в сабота, 23 ноември, во 12 часот поради тоа што „сè уште се одложува конечното решение на проблемот со рудникот за бакар и злато Иловица“.

Во јули 2019, Министерството за економија го одби барањето за дозвола за експлоатација и таа одлука ја потврди второстепената комисија на Владата во октомври 2019. Веднаш потоа Министерството за економија го потпиша предлог решението за еднострано раскинување на концесијата и го стави во владина процедура. Оттогаш се чека Владата да ја стави оваа одлука на дневен ред на своја седница за и официјално да му се стави крај на проектот „Рудник Иловица“.

Според „Здрава котлина“, нерешавањето на проблемот со рудникот има потенцијал да ги искомплицира работите поради најавените избори, за кои ќе има техничка влада.

“Свесни сме дека за месец и половина ќе дојде техничка влада и дека тогаш ќе нема ингеренции да решава за ова важно прашање“, вели Ѓорѓи Танушев од „Здрава котлина“. Затоа е овој мирен протест, за да ја потсетиме и охрабриме владата да постапи согласно заложбите и потребите на граѓаните кои се доста јасно изразени. Свесни сме дека Владата ги имаат аргументите и знаат дека законот е на наша страна за што и веќе направија исчекор во вистински правец. Останува само да се заврши до крај оваа работа и да се одземе концесијата на „Еуромакс Рисорсис“ согласно законот за минерални суровини“, додава Танушев.

„Еуромакс Рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд откако Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен ја потврди одлуката на Министерството за економија да му се одбие барањето за дозвола за експлоатација на „Еуромакс Рисорсис“.

„Мета“ побара коментар од концесионерот „Еуромакс“ од каде го добивме следниот одговор: „Предметот моментално е пред Административниот суд во Скопје и чекаме Судот да донесе пресуда. Не знаеме колку време ќе биде потребно таа да се донесе“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …