вакцина

Вакцината е најефикасна заштита од сезонски грип, годинава се вакцинирале 43.964 лица

Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, посебно на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО) – постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници

Заклучно со 46 недела од 2023 година, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 46-та недела од минатата сезона, е зголемен за 82,9 отсто, наведено е во новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

„Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 351. Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 147 случаи, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Во досегашниот тек на сезоната на грип, не се регистрирани починати лица асоцирани со грип“, наведено е во извештајот.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, посебно на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО) – постарите лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

„Заклучно со 46-та недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 43.964 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. За оваа сезона, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction). Вакцинацијата започна на 25 октомври, а се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и/или здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб-страницата www.vakcinacija.mk“, информираат во Институтот за јавно здравје.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …