ВАНДАЛИЗАМ НА ГРАДСКОТО ШЕТАЛИШТЕ ВО БИТОЛА

ВАНДАЛИЗАМ НА ГРАДСКОТО ШЕТАЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Синоќа на градското шеталиште во Битола, целосно беа оштетени две канделабри и околни дрвја од страна на засега непознати лица. Утринава, екипи од ЈКП „Комуналец“ и Општина Битола, презедоа мерки за обезбедување на местото. Канделабрите се отстранети, а екипите на терен извршија изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така биле искинати. Настанот е пријавен во битолската полиција, кои по извршениот увид на лице место, направија полициски записник.

Канделабрите се изработени од масивно железо тешко за отстранување, што значи дека за нивно уништување е употребена голема сила.

Од Општина Битола се надеваат дека ваквите вандалски чекори, во иднина нема да бидат повторна слика во градот на конзулите.

Прочитајте повеќе

Сиљановска-Давкова во посета на Софија

Сиљановска-Давкова во посета на Софија

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе …