Вархеји - Хан: Честитки за Владата со европска агенда

Вархеји – Хан: Честитки за Владата со европска агенда

Еврокомесарите Оливер Вархеји и Јоханес Хан, претпладнево преку Твитер, го поздравија изборот на новата Влада на Северна Македонија, со надеж за продолжување на европската агенда, јави МИА од Брисел.

Синоќа, по два дена дебата, со 62 гласа „за“, 51 „против“ и без воздржани, Собранието ја избра новата Влада на Северна Македонија. По гласањето, пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската сала и не присуствуваат на давањето заклетва и на потпишувањето на свечените изјави.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, порача дека „со нетрпение очекува да соработува со новата влада на премиерот Зоран Заев на потребните реформи за ЕУ интеграција“. Хан, пак, кој додека беше еврокомесар за проширување, беше посебно инволвиран во процесот на отпочнување преговори за членство со ЕУ, објави дека „е добро што повторно гледа влада со јасна европска агенда на функција“.

Европската Комисија до овој момент сѐ уште не реагирала официјално на формирањето на новата влада во Северна Македонија, јави МИА.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …