Вчера вакцина примиле 12.606 граѓани, до сега вкупно администрирани 104.962 дози

Вчера вакцина примиле 12.606 граѓани, до сега вкупно администрирани 104.962 дози

Во текот на вчерашниот ден вкупно се администрирани 12.606 граѓани, од кои прва доза вакцина против ковид-19 во текот на денот примиле 10.135 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека вкупно во државата до сега се адмистрирани 104.962 дози на вакцини, од кои на вакциналните пунктови вакцина примиле 84.312 граѓани. Вкупната бројка на целосно вакцинирани со две дози вакцина е 20.650, што е околу еден отсто од двомилионското население.

„Со последните бројки, 28 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина“, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови, интересот секојдневно се зголемува, а во моментов преку веб платформата vakcinacija.mk пријавени се над 256.346 граѓани.

„Вакцинацијата се спроведува според Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес на веб страницата vakcinacija.mk, како и лица вработени во критична инфраструктура. Масовната вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид“, информираат од Министерството за здравство.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …