Веб-страницата на Бирото за јавни

Веб-страницата на Бирото за јавни набавки не работи веќе трет ден, запреа и сите тендери

Сите јавни набавки се блокирани бидејќи веќе трет ден по ред веб-страницата на Бирото за јавни набавки (https://e-nabavki.gov.mk/) не е во функција.

На нефункционалната веб-страница, Бирото за јавни набавки објави порака дека сервисот е привремено недостапен поради „сериозни технички проблеми со инфраструктурата“.

Наведено е и дека по надминување на проблемот јавноста ќе биде известена, а и сите тендерски рокови (јавни отворања/крајни рокови/аукции) ќе бидат продолжени соодветно, согласно со Правилникот за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки (Сл.Весник на РСМ бр. 64/19 и 271/19).

За сега, не може да се добие информација дали станува збор за хакерски напад и дали базата на податоци за склучени договори на јавните институции е загрозена.

„Во моментов имаме технички проблем. Работиме на отстранување на проблемот. Моментално јавни набавки не може да се спроведуваат. Се надевам дека веб-сајтот брзо ќе биде во функција. Ќе следува официјално соопштение од кога ќе продолжат јавните набавки“, рече Боре Хаџиев, директор на БЈН во изјава за порталот СДК.

Прочитајте повеќе

Дали законите за работа на клубовите ќе ја амнестираат одговорноста?

Дали законите за работа на клубовите ќе ја амнестираат одговорноста?

Шеснаесетмина се во притвор за пожарот во кочанската дискотека. Градоначалникот не е осомничен иако има …