Вицепремиерката Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Вицепремиерката Грковска ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок што ќе се одржи на 1 февруари 2024 година во Вашингтон.

Во рамки на посетата на САД, вицепремиерката Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со Брус Шварц, заменик-помошник на Јавниот обвинител на САД.  Предвидени се средби и со високи претставници на Меѓународната програма за лидерство на Стејт Департментот и на Бирото на УСАИД за демократија, човекови права и управување.

Вицепремиерката Грковска во Вашингтон ќе учествува на безбедносен форум посветен на штетното кинеско и руско влијание на Балканот, а на посебен настан на Универзитетот Џон Хопкинс, со аналитичарот Едвард Џозеф ќе дискутира на тема „Зошто е толку тешка борбата против корупцијата во мојата земја“.

Прочитајте повеќе

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно …