Вицепремиерот Димитров во посета на балтичките земји Латвија и Литванија

Вицепремиерот Димитров во посета на балтичките земји Латвија и Литванија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на 22 и 23 април (четврток и петок) ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус.
Во рамки на утрешната посета на Латвија, предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент (Saeima) – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања. Во Литванија пак во петок, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas).
Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија во почетокот на мај. Таа е продолжение на серијата посети на Димитров во главни градови на ЕУ земји членки. Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“, ЗПВ Димитров ќе разговара со високите претставници на Латвија и Литванија во контекст на нивната поддршка за европското досие на Северна Македонија. На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома.
Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …