Вицепремиерот Николовски на средба со градоначалникот Костадинов: Со транспарентни и отчетни општини, до успешна борба против корупција

Вицепремиерот Николовски на средба со градоначалникот Костадинов: Со транспарентни и отчетни општини, до успешна борба против корупција

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.

Средбата е дел од серијата на теренските активности и средби со градоначалниците од општините во државата, на коишто Николовски, ги презентира мерките од усвоениот владин План за борба против корупција, кои се однесуваат на локалната самоуправа.

На состанокот, детално беа разгледани сите мерки од Планот, а се разговараше и за работата на општината, комуникацијата со жителите, транспарентноста, за досегашните алатки кои ги има оваа општина за спречување на корупција, како и за идните активности.

„Транспарентноста е половина од борбата со корупција. Не смееме ништо да криеме од граѓаните, треба да сме отворени, транспарентни, чесни и отчетни, Ние како кабинет нема да престанеме да правиме притисок да се исполнат сите обврски и сите задачи, и да промовираме што поголема отвореност на секоја општина и пристап до сите информации кои граѓаните треба да ги знаат“, подвлече Николовски.

Николовски, се осврна на важноста од именување на лица за прием на пријави согласно Законот за укажувачи. Ова е со цел во секоја институција да има лице за пријавување на корупција, затоа што институциите што ги покриваат општините се ранливи, тука е директниот контакт со граѓаните и првата можност каде можат да се спречат можностите за корупција.

Вицепремиерот Николовски, информираше дека во подготовка е уредба за начинот на користењето на службени возила. За прв пат се воведува унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила со кој строго ќе се регулира начинот на користење на службените возила и ќе се знае кој, како и на кој начин го користи службеното возило. Спречуваме злоупотреба на службени возила во приватни цели.

„Донесовме Одлука со која ги ограничуваме и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти, која што важи за сите државни функционери. Има најширок обем на употреба во сите институции, за секој еден денар кој се користи од парите на граѓаните. Нема веќе лични и приватни вечери на државна сметка. Воспоставена е јасна процедура кој функционер во државата колкав износ има на располагање и која е процедурата за оправдување на овие трошоци. Носиме одлуки кои ќе ја намалат политичката моќ на функционерите и привилегиите, за институциите да станат целосен сервис на граѓаните“, рече Николовски, осврнувајќи се на одлуката донесена на последната владина седница. Градоначалникот Костадинов се осврна на активностите кои општина Валандово ги презема во последниот период, а кои се во правец на транспарентно работење и борба со корупција.

Општина Валандово може да се пофали со позитивни резултати особено во делот на активна транспарентност. Од општина која само пред три години беше на дното на листата за транспарентност, денес сме на високо осмо место. Општината јавно ги објавува сите договори, а преку комуникација постојано со граѓаните се трудиме да изградиме партнерски однос. Да направиме промена во перцепцијата како работат јавните институции, како комуницираме со граѓаните, затоа што ние сме тука да им служиме нив“, истакна Костадинов.

Тој информираше дека пред состанокот со вицепремиерот Николовски, го посетија системот за наводнување Јужен Вардар.

„Преку тој проект кој е од капитално значење не само за општината туку и за државата, земјоделците од овој регион ќе имаат намалени трошоци и модерно производство. Само со искрена комуникација со нашите граѓани ќе можеме во иднина да се движиме прогресивно и чесно“, заклучи Костадинов.

Заедничка задача на Владата и локалната самоуправа е да создадеме систем во кој секој народен денар од буџетската каса ќе биде наменски потрошен за подобрување на условите на граѓаните и за комплетен напредок на државата.

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …