(Видео) Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството

(Видео) Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по завршувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, кој под покровителство на Европската Унија, што се одржа денеска во Охрид, им честита на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, и посака напредок на сите граѓани на Србија и Косово на патот кон ЕУ.

Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Почитувани медиуми,

Ја поздравувам согласност постигната денес за имплементација на Договорот за патоказот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој ќе биде интегрален и обврзувачки дел на европскиот пат на двете страни.

Сметам дека денешната согласност за имплементацијата на Анексот на Договорот, вклучително и согласноста за целосна имплементација на обврските од претходните договори од Дијалогот е значајно постигнување.

Мирот, помирувањето и економскиот развој се клучни предуслови за забрзан прогрес на зa целиот Западен Балкан кон ЕУ.

Горд сум и среќен што во името на нашите граѓани, со мојот тим бев домаќин на овој важен преговоравачки процес под покровителство на Европската унија, а со поддршка на Соединетите Американски Држави, со кој се потврди мојата лична заложба дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија.

Сакам да им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, и да им посакам напредок и успех на сите граѓани на Србија и Косово на нивниот пат кон ЕУ.

Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжиме по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави,

Прочитајте повеќе

Општина Чаир исплатила илјадници евра на кафуле во сопственост на заменик министерката за транспорт, без јавен повик или транспарентност

Општина Чаир исплатила илјадници евра на кафуле во сопственост на заменик министерката за транспорт, без јавен повик или транспарентност

Илјадници евра од Општина Чаир систематски се доделиле на кафулето „1ш“ во сопственост на заменик-министерката …