(Видео) Ковачевски: Стабилен и сигурен електроенергетски преносен систем без технички загуби, со новиот далекувод во Овче Поле

(Видео) Ковачевски: Стабилен и сигурен електроенергетски преносен систем без технички загуби, со новиот далекувод во Овче Поле

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани денеска во Овче Поле присуствуваа на започнувањето на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле. Со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.

Во продолжение е целата изјава на премиерот Ковачевски:

“Постојаното инвестирање и оптимизација на капацитетите и ресурсите за пренос на електрична енергија значат постигнување на еден од најважните јавни интереси во услови на енергетска криза, а тоа е доверлив и стабилен електроенергетски систем.

Токму денеска овде во близина на Мамутчево присуствуваме на започнување со изградба на една ваква важна инвестиција како што е овој 110 kV далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица Овче Полe во вредност од 2,3 милиони евра. Со овој далекувод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија, во кои забрзано се инвестира во изминатиот период.

Оваа инвестиција е посебно значајна од повеќе аспекти и ќе посочам зошто е тоа така.

Прво затоа што се гради нов далекувод на постоечката траса на далекувод кој е изграден уште во 1960 година. По цели шест децении вложуваме во сериозен зафат во македонската преносна мрежа. Реконструкцијата на застрените 110 kV далекуводи, особено оние кои имаат големо системско значење и им се нарушени работните параметри, како што е овој далекувод, е главниот фокус на Владата и МЕПСО.

Втората важна работа е тоа што проекти како овој придонесуваат за намалување на технички загуби, обезбедуваат доверливост на мрежата, сигурност во напојувањето, интеграција на обновливи извори на енергија и стабилност на целиот електроенергетски систем во државата.

Дополнително и подеднакво важно е што ние како држава сме насочени во изградба на капацитети за производство на струја од обновливи извори која се интензивираше во последниот период со енергетската криза, а за пренос на таа електрична енергија ни е потребен стабилен систем, и тоа го обезбедуваме со овој далекувод. Токму во велешко-овчеполскиот регион се и најголемите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, кои се реалиизраат или допрва ќе почне нивната реализација. Во овој дел од државата на државно земјиште во селото Амзабегово е 25 MW фотонапонска централа, на потегот Овче Поле – Штип се гради ветерната електрична централа Богословец со инсталирана моќност од 36 MW, а во најава е и изградба на фотонапонска централа кај селото Ерџелија и инвестицијата на француската Акио Енерџи во 400 мегаватна фотонапонска централа, најголема во Европа. Со изградбата на овие проекти Република Северна Македонија ќе биде пример во Европа и во регионот за зелена транзиција.

Ваквите инвестиции ја демонстрираат заложбата да се реализираат ветените проекти и во услови на здравствена, економска и енергетска криза, затоа што нова и модернизирана електропреносна мрежа значи подобри услови за водење бизнис, значи зголемен број на инвеститори кои знаат да ги искористат потенцијалите на овој регион од државата и значи обезбедување на подобар живот и стандард на граѓаните.

Изградбата на овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на пет 110 kV далекуводи од кои два се веќе завршени и пуштени во употреба, а останатите два се во одредени фази на реализација. Вкупната инвестиција е 15,7 милиони евра, дел од кредитнa линија на ЕБОР а останатите се сопствено учество на АД МЕПСО.

Ваквите капитални инвестиции се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата и обезбедуваат редовен пренос на електрична енергија од домашните производствени капацитети или од увоз до сите клиенти на АД МЕПСО.

Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во АД МЕПСО за овој голем инвестициски зафат и исто така да им посакам многу успех во завршувањето на проектот како на МЕПСО така и на сите инжерени вработени во компаниите кои се изведувачи или надзор на овој голем проект”, рече премиерот Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Спасовски: Предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и …