(Видео) Протест на учениците од „Орде Чопела“ од Прилеп против насилникот кој злоставувал нивна соученичка

(Видео) Протест на учениците од „Орде Чопела“ од Прилеп против насилникот кој злоставувал нивна соученичка

Учениците од претпладневната смена во СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, денеска излегоа на протест во знак на поддршка на нивната 15-годишна соученичка која била сексуално злоставувана од хигиеничар вработен во училиштето.

Истовремено, учениците го искажаа и својот револт против непреземањето никакви санкции на в.д. директорката на средното училиште, Тереза Трајкоска-Златеска, против насилникот. Доставувајќи краток видео материјал од денешниот протест, тие нагласија дека не се чувствуваат безбедни во училиштето, од причина што ова не е прв случај на сексуално злоставување и вознемирување на ученички но дека сите претходни случаи биле заташкани.

Исто така, учениците се пожалија на притисоци од страна на директорката да се прекине протестот, што на својот фејсбук профил го потврди и Фуркан Салиу, новинарот на ТВ Клан Македонија, кој прв го објави скандалот.

„За момент помислив дека директорката на средното училиште ‘Орде Чопела’ навистина сака да го расчисти случајот со младото 15-годишно девојче, но денешните информации ме убедија дека не е така. Голем притисок се врши врз учениците кои соработуваа со нас медиумите, а соработуваа затоа што се плашеа. Се плашеа затоа што иако цел Прилеп зборуваше за настанот никој не собра храброст да го истражува. Па затоа, не можам а да не прашам, дали политиката го штити осомничениот?“, напиша Салиу, објавувајќи фотографии на кои насилникот е сликан со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Инаку, од причина што Училишниот одбор не распишал оглас за избор на директор на СОУ „Орде Чопела“, градоначалникот Јовчески денеска на в.д. директорката Трајкоска-Златеска и’ додели нов, втор по ред шестмесечен мандат.

Прочитајте повеќе

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Во ваши раце е оваа одлука и не е касно да се исправи штетата. Не …