(Видео) СДСМ Прилеп: Градоначалникот Јовчески на прилепчани им го скратува уставното право на здрава животна средина

(Видео) СДСМ Прилеп: Градоначалникот Јовчески на прилепчани им го скратува уставното право на здрава животна средина

Изјава на Драгица Николоска, член на ИО на СДСМ Прилеп и на жители на УЗ Бончејца и Сточен пазар

Почитувани сограѓани,

Неспособноста на градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ, стана опасна по здравјето на прилепчани!

Со месеци наназад, чад од запалени канцерогени материјали ги труе граѓаните на Прилеп. И сето тоа се случува во централното градско подрачје, пред очите на градоначалникот и инспекциските служби од локалната самоуправа.

Наместо брза и ефикасна реакција за што побрзо решавање на проблемот кој е од животно значење за жителите на градот и поблиските населени места, градоначалникот и надлежните општински служби ја замајуваат јавноста со бесмислени алиби соопштенија.

Состојбата со загадувањето на амбиенталниот воздух станува алармантен. На Прилеп му се случува еколошка и здравствена катастрофа, за што најдобра потврда се сведоштвата на жителите на Корзо, Бончејца, Сточен пазар и другите урбани заедници.

По којзнае кој пат Јовчески покажа дека не само што не знае да ги решава проблемите на граѓаните, туку не е способен ниту да им го овозможи уставно гарантираното право на здрава животна средина.

Градоначалниче Јовчески,

Ослободете се од параноичниот страв дека целиот свет работи во корист на вашата штета и дека никој не сака да ги види вашите „достигнувања“.

Повеќе од 700 дена сте “татко“ на градот и редно е конечно нешто да сработите и да ја оправдате високата плата која ја земате.

Ако не сте кадарен да го откриете и да го санкционирате сторителот кој ги загрозува здравјето и животите на прилепчани, а не сте, тогаш побарајте помош од оние кои тоа го можат.

Сега, на половина од вашиот мандат, е вистинскиот момент да поднесете оставка од градоначалничката функција. Граѓаните на Прилеп ќе знаат тоа да го ценат и ќе ви бидат бескрајно благодарни.

Прочитајте повеќе

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Рокот на Управниот суд, во кој треба да одлучи дали се прифаќаат приговорите на ДИК …