Ако се изгласа законот, сите со бугарски пасоши од Македонија ќе бидат јавно објавени

Ако се изгласа законот, сите со бугарски пасоши од Македонија ќе бидат јавно објавени

Предлог-законот опфаќа период од последниве 22 години, односно сите што се стекнале со бугарско државјанство од 2001 година, ќе бидат наведени со генералии во регистерот

Бугарскиот парламент наскоро во второ читање ќе го разгледува предлог-законот за бугарско државјанство, кој, ако биде изгласан по третото читање, ќе овозможи сите иматели на бугарски пасош и бугарско државјанство да бидат јавно објавени. Тоа значи дека сите граѓани на Северна Македонија или пак иматели што работат надвор од земјава со бугарски пасош, ќе бидат јавно објавени во регистерот на државјани, кој согласно предлог-законот треба да биде јавно достапен.

Предлог-законот опфаќа период од последниве 22 години, односно сите што се стекнале со бугарско државјанство од 2001 година, ќе бидат наведени со генералии во регистерот.

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен“,
гласи членот од предлог-законот за кој наскоро треба да заседаваат бугарските народни избраници.

Според бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, сите 180 пратеници гласале во прво читање за предлог-законот со кој ќе се менува Законот за бугарско граѓанство, со што се остварува неговата 10-годишна битка церемонијата за прием во бугарско државјанство да биде свечена и јавна, а регистерот на бугарски државјани да стане јавен.

Новиот предлог-закон предвидува и задолжително познавање на бугарскиот јазик, нешто што досега се подразбираше, но не се применуваше како задолжителен услов.

„Со последната измена, јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано од самите нив бугарско потекло и изјава за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат како Бугари. Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразачи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа“, напиша Ковачев, нагласувајќи дека oчекува многу наскоро да се случи второто читање на предлог-законот.

Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, додаде тој.

Прочитајте повеќе

Влада на Мицкоски – само три жени министерки, вицепремиер близок до Москва

Влада на Мицкоски – само три жени министерки, вицепремиер близок до Москва

Веќе од наредната недела се очекува новите владини членови да ги преземат функциите. Владата ќе …